64-годишник од Македонски Брод бакнувал и го допирал по тело малолетно девојче
На 04.04.2025 ОВР Македонски Брод при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Б.С.(64) од Македонски Брод поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело казниво по чл.188 ст.5 од КЗ „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Б.С. се сомничи дека на 03.04.2025 во Македонски Брод бакнувал и допирал по телото малолетно девојче од Македонски Брод.
На настанот од 03.04.2025 му претходел ист таков настан на 07.03.2025 од Б.С. кон истото девојче, за што од страна на очевидци било пријавено во Центарот за социјални работи во Македонски Брод, но од нивна страна не биле преземени никакви мерки, за што ќе следат дополнителни активности за целосно расчистување на настанот.
Од страна на судија на претходна постапка на Б.С. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е спроведен во Затвор Битола.
Ново на Сител
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба