Македонија
8. November 2020 - 21:43

54-годишна советничка на општина Крушево почина од Ковид-19

54-годишна советничка на општина Крушево, наставничка и работник за влашката култура во Крушево попладнево ја загуби битката со корона вирусот.

Веста ја потврди градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски преку фејсбук статус во кој напиша:

„Денес ја загубивме нашата сограѓанка, член на Совет на општина Крушево, наставник и работник за влашката култура во Крушево. Коронавирусот ни' одзеде уште еден живот.

Секогаш да го паметиме придонесот на Агапи Чункоска во Советот, ООУ „Никола Карев“, но и генерално на општина Крушево.

Нејзината смрт нека биде поука за сите нас да ги почитуваме мерките и препораките за спречување од ширење на коронавирусот.

Сочуство до семејството.

Нека почива во мир.“

Денес ја загубивме нашата сограѓанка, член на Совет на општина Крушево, наставник и работник за влашката култура во...

Posted by Томе Христоски - Градоначалник на општина Крушево on Sunday, November 8, 2020