Македонија
26. February 2020 - 17:30

50-годишна скопјанка прв случај на корона вирус во Македонија

Здравствените власти потврдија дека скопјанка на 50 годишна возраст е прв случај на корона вирус во земјата. Била еден месец во Италија каде две недели била болна но таму не ја провериле.

Од МЗ најавија дека сега ги бараат лицата со кои заболената се возела во комбе од Италија до Македонија.

Пациентката е сместена во соба за изолација на Инфективна.

 

Сања Димитровска