5 нови случаи на Ковид-19 во Словенија
Во Словенија денеска се потврдени пет нови позитивни на Ковид 19 од 715 тестирани, што е најголем број на нови дневни инфекции во последните неколку недели.
Четири лица се од Јесенице и еден случај во Љубљана, објави словенечката влада.
Според словенечките медиуми, во овие случаи станува збор за „увезување“ на вирусот од странство, или заразување на словенечки државјани кои живееле во странство, а сите контакти со идентификуваните пациенти се ставени во карантин и под епидемиолошки надзор.
Поради случајот со медицинска сестра, чиј коронавирус беше потврден вчера, одделот за гастроентерологија на општата болница во Јесенице беше привремено изолиран, но денес беше објавено дека тестовите на околу 20 пациенти кои останале во тој оддел и 40 вработени покажале негативен резултат за новиот коронавирус.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата