Македонија
5. August 2024 - 12:32

4 часа се чека на „Богородица“ и „Дојран“ за влез во Грција

Километарски колони на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се чека дури над 4 часа да се влезе во Грција. Фотографиите што ги испраќаат српските туристи додека се заглавени во колоната возила се застрашувачки.

Од АМСМ велат дека освен на овие два гранични премини и на Табановце има огромни гужви додека на другите премини нема подолги задржувања.