Македонија
16. September 2021 - 10:02

335 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 335 возачи.

Како што соопшти МВР, од нив, 20 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 178 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 157 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.