-->
-->
29-годишен прилепчанец преку лажен женски профил наведувал деца да разменуваат експлицитни слики и видеа
-->
СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал при МВР поднесе кривична пријава против В.Т. (29) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Како што соопшти МВР, полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што во неговиот компјутер биле пронајдени и одземени видео записи од експлицитни видеа и слики со порнографски материјал од деца.
-Од 2021 до 2025 година, пријавениот од социјални мрежи преземал слики од женски деца, креирал лажни женски профили и преку тие профили запознавал и започнувал комуникација со други деца, кои ги наведувал да си разменуваат слики и видеа со експлицитна содржина, стои во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Четири малолетни другарки биле полово нападнати на плоштад во Прилеп
-
Излетало возило од патот Охрид – село Подмољје
-
На депонијата Мегленци пронајдени три артилериски гранати од Првата светска војна
-
Митева и Љатифи-Азизи: Завршува седумдневната национална жалост, но истрагата ќе продолжи со невиден интензитет
-
Украина: Русија загуби над 900.000 војници од почетокот на инвазијата
-
Иран: Преговорите со САД се можни само ако некои работи се променат
-
Уапсени 17 лица кои не ја почитувале одлуката за седумдневна жалост
-
Контролирани 16 угостителски објекти, три се затворени - два во Тетово, еден во Гостивар