Македонија
29. July 2022 - 16:52

280 компании ќе добијат поврат на инвестициите

Рекорден број фирми ќе добијат поврат на дел од инвестициите. Од вкупно 382 компании кои аплицирале на огласот, 280 ги исполнуваат условите и ќе добијат финансиска помош од државата за инвестициите направени или започнати во текот на минатата година. Проектите на овие компании се вредни 145 милиони евра, а со нивната реализација ќе се креираат над 3.700 нови работни места.

Надлежните најавуваат и дополнителни измени на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, со цел да се олесни процедурата за аплицирање на малите и микро компании.

До сега над 630 компании користат ваква финансиска помош од државата. Околу 50 од нив целосно ги завршиле инвестициските циклуси, додека со дваесетина се раскинати договорите поради неисполнување на обврските или прекин на инвестициите.