Ракомет
11. January 2018 - 18:59

250.000 евра премии за Германците за одбрана на титулата

 
Четврт милион евра ќе поделат германските ракометари доколку ја одбранат титулата Европски шампион, на претстојното првенство во Хрватска, што ќе се игра од утре до 28 јануари. 
 
Од Ракометната Федерација на Германија најави премија од 250.000 евра кои ракометарите ќе ги поделат, доколку  уште еднаш да дојдат до златниот медал, како што тоа беше случај пред две години во Полска.
 
„Го зголемивме наградниот фонд на барање на ракометарите и тоа со право. Очекуваме добра игра на ова ЕП и веруваме во нив“, изјави  Боб Ханинг потпретседателот на Ракометната федерација на Германија. 
 
Премии германските ракометари ќе поделат и за освојување на сребро,односно бронза, така доколку се пласираат на второто место наградата е 200.000 евра, а ако завршат како трето рангирани ќе поделат сума од 150.000 евра.
 
Инаку актуелниот европски шампион Германија, е еден од противниците на македонската репрезентација во загрепската Ц група, во која својот меѓусебен дуел ќе го имаат во 3. коло закажано за 17 јануари во терминот од 18:15 часот