-->
-->
24-годишно момче од Кичево загина во тешка сообраќајка
-->
На 03.07.2022 во 01.30 часот во Плициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(23) од кичевското село Горно Строгомиште, излетало од патот, информираше МВР.
Возачот и сопатникот Л.Р.(24) од Кичево биле пренесени во Општата болница во Кичево, а потоа во приватна болница во Скопје, каде на здобиените повреди подлегнал сопатникот Л.Р., а возачот бил задржан на лекување со тешки телесни повреди.
Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Mинатата недела отстранети 104 непрописно паркирани возила во општина Центар
-
Индија и Пакистан најавија директни преговори
-
Новата готвачка на Роналдо ќе заработи милион евра за една недела на јахта
-
„Скајп“ отиде во историјата
-
Истражување: На детето не му требаат полни соби со играчки
-
Почнува Самитот Македонија 2025 - во фокусот забрзување на економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција
-
Кошта на турнеја низ Западниот Балкан, в четврток ќе престојува во Скопје