Македонија
27. October 2022 - 12:18

24 годишник со „ауди“ излетал од патот

На 27.10.2022 во 00.30 часот   во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на патот с.Сопот-с.Марена, на влез во с.Марена, патничко моторно возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.З.(24) од с.Сопот, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник, констатирани во Општата болница во Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.