20 македонски органски производители и преработувачи со свои производи на Биофах
Органските земјоделски производи од Македонија се дел од најголемиот саем за органски производи Биофах кој од 14 до 17 февруари се организира во Нирнберг, Германија. Оваа година, на штандот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, дваесет македонски компании ќе се претстават со органски градинарски, житни, овошни, млечни и месни производи, производи од мед, диворастечки производи, органски ѓубрива и преработки на органски производи.
Втора година по ред, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија им овозможува на органските производители, на сопствен штанд да се претстават на најголемиот саем за органски производи.
Според Сашко Антовски од Екстра фунги, производител на органски преработки, можноста да се биде дел од најголемиот саем за органска храна овозможува да се остварат директни средби со потенцијални купувачи, но и да се следат трендовите и новините во органскиот сектор.
„Веќе втора година по ред изложуваме на македонскиот штанд на Биофах. Минатата година остваривме контакти со десетина заинтересирани купувачи, а успеавме и да извеземе производи во Италија. Сметам дека е одлична можноста да ги претставиме македонските органски производи на најголемиот саем, но и да се информираме и да ги следиме најновите трендови и технологии во овој сектор“ вели Антовски.
На овогодинешното издание на Биофах ќе се претстават 2,950 меѓународни изложувачи, а се очекува да присуствуваат над 50,000 трговци со органски производи и опрема за органско производство. За подобра промоција на mакедонските органски производители, министерството со помош на швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост - ИМЕ (Increasing Market Employability) изработи промотивен каталог на органски производи на кој покрај компаниите кои се изложувачи, се претставени и компании и производители кои не беа во можност да присуствуваат на овој саем.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со поддршка на швајцарските програми ИМЕ и СИППО овозможи поврзување и организација на состаноци со купувачи на органски производи од Германија и Швајцарија, на кои директно ќе се договараат можностите за извоз на македонски производи на овие пазари.
Ново на Сител
-
Заврши општата расправа за законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишат на кој било факултет
-
Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари
-
Муцунски: Инвестиции, инфраструктура, подобар живот – надворешна политика што носи резултати
-
Социолошки поглед за модерен Центар | Горан Герасимовски | Неформално | Sitel Podcast 105
-
Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Три лица се хоспитализирани - изгаснат пожарот што избувна во Кочани | ВИДЕО
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина