18 години затвор за возачот кој пијан ја усмрти 11 годишната Магдалена во Велес
Возачот Ангелчо Николов кој ја прегази 11-годишната Магдалена и ја усмрти, доби 18 години затвор за двете дела за кои се гонеше од Обвинителството. Тој доби и забрана за управување со моторно возило. На Николов му е изречена мерка притвор бидејќи судот сметаше дека тој може да избега ако биде на слобода.
Судијките посочија дека во предвид ги зеле последиците, смртната последица, однесувањето на сторителот откако ја прегазил Магдалена и нејзината мајка, како и умислата. За судот немаше олеснителна околност во тоа што по 30 часа возачот се сам се јави во полиција, а откако претходно беше во бегство. Тој бил и претходно казнуван за сообраќајни прекршоци и му била одземана возачката
„Признанието на вина го земавме како олеснителна околност но како придонес за полесно завршување на постапката. Не го зема како околност како позитивен став, односно судот не процени дека има искрено каење“, кажа судијката.
Судијката објаснуваше и за висината на казната.
„Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот е предвидена казна од најмалку четири години, што значи дека затворот не може да биде подолг од 20 години. За неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода е предвидена парична казна или казна затвор до една година. Во однос на одмерување на санкцијата, судот нема апсолутна слобода, туку има законски пропишана казна согласно Кривичниот законик. Судот не носи закони, туку спроведува закони“, кажа судијката.
Возачот што пијан ја усмрти 11-годишната Магдалена Иванова во Велес и потоа се даде во бегство, на првото рочиште призна вина за делото. Ангелчо Николов пред судот рече дека признанието го дава доброволно и без никаква присилба.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп