174 санкционирани возачи во Скопје
МВР во текот на вчерашниот ден (10.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за возење под дејство на алкохол, осум санкции за возач почетник.
Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 11 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
ЕК спроведува 10 истраги против социјални мрежи поради сомневање за кршење на европското право
-
ЕСМ Дистрибуција: Се нормализира испораката на топлинска енергија во Општина Центар
-
Поскапени билетите за македонските навивачи во „Вараждин Арена“
-
Земјотрес од 6,4 степени во Тајван, 27 луѓе повредени
-
Утрово најстудено во Битола, најмногу снег на Попова Шапка
-
Бајден превентивно помилува членови на неговата фамилија, Трамп го оквалификува тој потег како - „срамно“
-
Законот за заштита на децата повторно на пленарна седница
-
Трамп го повика Путин да се согласи на договор со Украина