Македонија
3. September 2024 - 8:23

1,7 милиони граѓани извадиле пасош со „Северна“

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека 1,7 милиони граѓани извадиле пасош со новото уставно име Северна Македонија.

Како што вели, извадени се и 1,4 милиони лични карти и 700 илјади возачки дозволи.

„Од информациите кои што ги добивам од МВР, некаде околу 1.740.000 патни исправи, 1.440.000 лични карти и некаде околу 750 илјади возачки дозволи. Само да предупредам дека рокот за возачките е до крајот на годината. Нема веќе турканици, нема веќе неред, понижување на македонските граѓани, сега се е во рамките на оние законските 15 дена“, вели Мицкоски.