Свет
23. October 2016 - 17:56

1,69 милиони луѓе во Кина засегнати од тајфунот Хаима

Преминувањето на моќниот тајфун Хаиме во Кина предизвика штета во износ од 517 милиони долари, од што се засегнати 1,69 милиони лица, соопштија властите на кинеската провинција Гуангдонг, пренесе ТАСС.

Оваа провинција од тајфунот беше погодена во петокот. Властите успеаја да евакуираат навремено 668. 000 луѓе, поради што и беа избегнати  жртви. Разурнати се околу 3.000 згради и уништени се 178.000 хектари посеви.

При преминувањето на тајфунот во Хонгконг загина еден човек, а 12 лица беа повредени.