Тенис
8. November 2015 - 9:59

15ч: Финале Ѓоковиќ - Мареј

Попладнево во 15ч во Париз во рамките на последниот Мастерс турнир, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј ќе го одиграат своето 30.то меѓусебно дерби. Најдобриот светски тенисер досега има 20 победи и 9 порази. Последниот меч во полуфиналето на турнирот во Шангај го доби српскиот тенисер. 

Во полуфиналето Ѓоковиќ беше подобар од Вавринка а Мареј од Давид Ферер.
За популарниот Ноле ова е шанса да биде првиот тенисер во историјата што ги освоил сите Мастерс турнири во една сезона. 
Мечот започнува во 15ч.