-->
-->
15-годишник од Охрид со моторцикл удрил во три лица, а потоа и во паркирано возило
-->
На 18.04.2025 во 21 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на ул.„Кеј Македонија“ во Охрид, мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид, удрил во двајца малолетни пешаци и во 18-годишната М.И. од Скопје, а потоа удрил во паркирано патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, по што го напуштил местото на настанот.
По преземени мерки од страна на полициски службеници, 15-годишникот е пронајден. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила една малолетничка од Охрид, а со телесни повреди се здобиле другиот малолетник од Скопје, М.И., како и мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Арсовска: Инспектор од МВР фатен како прави див приклучок за вода, во бес физички напаѓа советничка | ВИДЕО
-
Целосно нормализиран сообраќајот на ГП Блаце
-
Сончево и многу топло, температура до 41 степен, од утре освежување
-
Продолжува амандманската расправа за ребаланост на Буџетот
-
До седум часот утрово активни седум пожари, велат од ЦУК | ВИДЕО
-
МЗ: Пожар во кругот на болницата во Битола, нема штета и повредени
-
Трамп го пролонгира стапувањето во сила на реципрочните царини до 1 август
-
57-годишен скопјанец бил фатен како подметнува пожар во Ѓорче Петров