13-годишно девојче било на забава кај својот чичко, негов познаник се обидел да ја силува - се одбранила со стап
Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против 40-годишно лице од Прилеп за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти Обвинителството, обвинетиот лани на 20-ти ноември во Градско извршил полови дејствија врз оштетеното девојче на возраст од 13 години.
- Имено, детето отишло во куќата на својот чичко каде се одржувала забава на која бил присутен и обвинетиот. Тој видел дека девојчето се упатило кон дома и незабележано тргнал по него. Кога стигнале во близина на оградата која ги раздвојувала куќите на родителите на оштетеното дете и на нејзиниот чичко, обвинетиот од зад грб со една рака и ја затворил устата и почнал да ја влече. Потоа ја свртел кон себе и додека со едната рака и ја држел устата затворена, со другата рака ја допирал по телото. Потоа и ја ослободил устата, обидувајќи се да ја бакне, но оштетената тоа не му го дозволила и се обидела да повика помош. Туркајќи го, оштетената успеала да земе дрвен стап и го удрила обвинетиот по ногата. Тој паднал на земја и таа побегнала во својот дом, појаснуваат од ОЈО.
Јавниот обвинител оцени дека се уште постои опасност обвинетиот да се даде во бегство, па до судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино