Македонија
21. April 2024 - 9:11

114 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при управување...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.