-->
-->
Жител на Љуботен осомничен за пустошење шуми
-->

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.А. (38) од село Љуботен, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „пустошење на шуми“.
На 14 месецов околу 21.30 часот на земјен пат на место викано „Башинец“, кон село Љубанци, при контрола на товарно возило „Мерцедес 1213“, управувано од пријавениот, полициски службеници пронашле букови огревни дрва, без соодветна документација.
Утредента на истото место полициски службеници и овластени службени лица од шумска полиција констатирале дека била извршена противправна сеча на букова дрвна маса од околу 10,14 метри кубни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
