-->
-->
Жител на Кочани извршил разбојништво во казино, но е фатен на граничен премин
-->

Жител на Кочани извршил разбојништо во казино, но при обидот за бегство, е фатен на граничниот премин Делчево.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова денеска информираше дека надворешната канцеларија за криминалистички работи од Кочани поднела кривична пријава против 32-годишниот Б.С. поради основано сомнение дека сторил разбојништво.
– Пријавениот на 22 декември во казино на улицата „Маршал Тито” во Кочани физички ја нападнал вработената и одзел кутија со пари. Веднаш биле преземени мерки и Б.С. бил лишен од слобода на граничниот премин „Делчево“, се вели во соопштението на СВР-Штип.
При претрес во неговото возило била пронајдена кутијата со 76.400 денари. Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гаши: До крајот на годината очекуваме посета на претседателката на Собранието на Бугарија
-

Зајакнување на деловниот интегритет преку јавно-приватна соработка
-

Стартува Охридскиот вински фестивал
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
