Земјотрес ја стресе Лефкада, двајца загинати под урнатините

Две лица загинаа, а четворица други се повредени во денешниот земјотрес од 6,1 степен според Рихтеровата скала, што го погоди грчкиот остров Лефкада.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, 60-годишна жена загина во својата куќа во селото Понти Василики, откако поради потресот од планината се одвоила голема карпа и паднале врз нејзината куќа.
Гувернерот на јонскиот регион Спирос Галиацатос во меѓувреме потврди дека во селото Атани загинала уште една жена. Тој ги повика граѓаните на смиреност.
Повредените, меѓу кои и едно 12-годишно дете, се хоспитализирани.
Има извештаи и за предизвикана голема штета на патната мрежа во југозападниот дел на островот.
Според атинскиот Институт за геодинамика, епицентарот на потресот бил на 25 километри оддалеченост од островот. Потоа следувал секундарен семјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на длабочина од два километри.
Владини претставници, меѓу кои и грчкиот министер за инфраструктура Панајотис Сгуридис, генералниот секретар за цивилна заштита, Јанис Капакис и претседателот на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси Ефтимиос Лекас, заминаа кон Лефкада каде ќе ги координираат активностите по потресот.
- Мора да бидеме крајно внимателни за да се избегнат ситуации како онаа на Кефалонија, изјави Лекас за државната новинска агенција АНА-МПА.
Тој додаде дека во следните час и половина од земјотресот, биле регистрирани повеќе од 20 последователни потреси, од кои најсилните биле со интензитет од 5,1 стени според Рихтеровата скала.
Сеизмолози и инженери веќе пристигнале на Лефкада.
Во исто време, островот Итака е во вонредна состојба по силниот земјотрес. Малиот јонски остров ги сумира штетите, а според извештаите има многу оштетени цркви, куќи и дуќани. Патниот сообраќај на повеќе делови на островот е во прекин, поради тоа што на многу места има свлечишта.
- Луѓето се на улиците. Штетите се безброј. За среќа, нема жртви, изјавил градоначалник на Итака, Дионисис Станицас за АНА-МПА.
Ново на Сител
-

Европол: Разбиена криминална мрежа што шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд
-

Потпишан меморандум за воздухопловна соработка со Сингапур
-

Владата донесе одлука што ќе овозможи да се уреди паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза"
-

Мицкоски и Тошковски порачаа дека „никој не е над законот“ во случајот со запленетите 40 тони марихуана
-

Во Министерството за транспорт се одржа стручна јавна расправа за измените на Правилникот за урбанистичко планирање
-

Вештачење за „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза
-

Ниту една лабораторија нема опрема за испитување на забранети супстанци во детски играчки, алармира ДЗР
-

АХВ: Се повлекуваат серии Аптамил формули за доенчиња, граѓаните кои ги купиле да ги уништат или вратат
