Зеленски: Ситуацијата на источниот фронт е исклучително тешка
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека ситуацијата во источниот дел на земјата е исклучително тешка, и таму руските сили напредуваат во последните недели, особено во близина на Бахмут.
- Ситуацијата на линијата на фронтот сè уште е исклучително тешка, особено во регионите Доњецк и Луганск. Буквално се води битка за секоја педа украинска земја, рече Зеленски во вечерното видео обраќање. Тој додаде дека Русија брза да ги постигне целите што си ги поставила во најновата офанзива пред Киев да добие ново оружје.
- Затоа, брзината е клучна. Брзината во сè – донесување одлуки, спроведување одлуки, испраќање на материјали, обука … Брзината спасува човечки животи, брзината ја враќа безбедноста, нагласи Зеленски.
Тој им се заблагодари на сојузниците за нивните ветувања за дополнителни пратки одбранбено оружје, тенкови, артилерија, гранати и обука.
Ново на Сител
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
-

Левица ќе се обиде да ги собере опозициските партии за Изборниот законик
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
