Зеленски го повика народот на Русија да протестира против војната со Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика народот на Русија да протестира против војната во Украина, јавија украинските медиуми.
„Од денеска нашите земји се од различни делови на светската историја. Руската држава стои на патот на злото, но многу работи се уште зависат од рускиот народ. Граѓаните на Русија денеска ќе изберат на кој пат ќе застане секој од нив лично. Оние кои сè уште не ја изгубиле совеста, време е да излезат и да протестираат против оваа војна, против војната со Украина“, напиша Зеленски на Твитер.
Претседателот ги повика Украинците да им ја кажат вистината на своите познаници за војната во Украина.
„Почитувани граѓани, кои имаат роднини во Русија, кои имаат пријатели, новинари, кои познаваат блогери, ве молиме побарајте ги, тие мора постојано да зборуваат за тоа, тогаш Русија ќе ја знае вистината“, напиша Зеленски.
Ново на Сител
-

Возачите да внимаваат, одрон повторно на автопатот Скопје-Велес
-

На Артан Груби му е одреден куќен притвор и одземање на патна исправа
-

Изменет сообраќаен режим денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром
-

ЈПС - Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно
-

Најмалку 25 припадници на мексиканската Националната града загинаа во престрелка со наркокартелот на Ел Менчо
-

Одлуки од вонредна седница на Дисциплинска комисија на ФФМ
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
