Заводот за статистика ќе објави детали за пописот

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски заедно со заменикот-директор Илми Селами денеска ќе одржат прес-конференција за Методологијата за подготовка, организација и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2021.
Прес-конференцијата ќе биде онлајн преку апликацијата ЗУМ, а ќе може да се следи и на Фејсбук каналот на Државниот завод за статистика.
Собранието на 21 јануари со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Македонија, според кој пописот треба да се спроведе од 1-ви до 21 април годинава.
Законот гарантира одржување попис според меѓународните стандарди и стандардите на Евростат.
Опозицијата останува на ставот дека пописот треба да се одложи за наредната година, или ако се инсистира тој да се одржи пролетва, да се спроведе по електронски пат. ВМРО-ДПМНЕ, формално почна и иницијативата за укинување на Законот за попис.
Претседателот на државата Стево Пендаровски неодамна изјави дека според него не би било проблем спроведувањето на оваа статистичка операција да се одложи и да се одржи во мај или јуни, на што завчера и премиерот Зоран Заев изјави дека таквата можност е вредна за разгледување, но, нагласи, само ако станува збор за одложување од еден или два месеца.
Ново на Сител
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
-

Повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство дел од овогодинешниот „Прв до врв“
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во Љубљана пречекана со највисоки државни почести од колешката Пирц Мусар
