Заплака од среќа: Слон по 50 години ослободен од синџири!

Слонот Раџи помина 50 години окован во синџири и злоставуван. Беше во сопственост на зависник од дрога, кој го користел за покрај него да питачи.
Тепан и изгладнуван уште од времето кога бил бебе, уловен во дивината. Бил принуден да јаде хартија и пластика за да го наполни желудникот. Околу нозете му биле поставени синџири со шилци, кои му оставиле длабоки рани и поради кои се разболел од артритис. Константно трпел болки.

Но, на целата таа мака и ужас сега најпосле и дојде крајот: во храбра ноќна акција од заробеништво го спасиле членовите на Одделението за заштита на околината во Утар Прадеш, минатиот четврток, а во помош пристигнала и полицијата. Насилниот сопственик се обидел да го спречи ослободувањето на Раџи, додавајќи уште окови на неговите нозе и најмување луѓе кои го блокирале патот на спасувачкиот камион, јави британскиот весник „Индепендент“.
Експертите со часови се обидувале да ја придобијат довербата на животното со овошје и охрабрување додека најпосле не го преселиле во возилото и го одвеле на безбедно место.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
