Западен Балкан тема на средбата Варвициотис – Палмер
![]()
Европската перспектива на Северна Македонија и Албанија и случувањата на Западен Балкан биле во фокусот на разговорите на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтидис Варвициотис со заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер на нивната денешна средба во Атина.
– Дискусијата беше насочена кон случувањата на Балканот и во поширокиот регион. Посебен акцент беше ставен на прашањето за проширувањето на Европската Унија со Западен Балкан, по недонесувањето одлука за почеток на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија на неодамнешниот Европски совет, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во соопштението се додава дека Палмер на средбата „го препознал придонесот на Грција како фактор на стабилност“, како и водечката улога што земјата може да ја игра во регионот.
– Беа дискутирани и начините на кои може да се зајакне лидерската улога на Балканот, со посилно присуство на политичко и економско ниво, се додава во соопштението.
Алтернативниот министерот за надворешни работи на Грција при тоа ја истакнал клучната улога што Солун може да ја игра во регионот како „престолнина“ на Балканот.
Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Азија, Метју Палмер од вторникот престојува во посета на Атина, при што, како што вчера објави МИА, се сретна со министерот за животна средина и енергија на Грција, Костис Хаѕидакис и со претставници на опозициската партија СИРИЗА.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
