Захарова: Санкциите и реториката на Брисел го блокираа дијалогот со ЕУ

Заедничките проекти меѓу Русија и Европската унија се блокирани поради антируските санкции и агресивната реторика на Брисел, напиша на Фејсбук портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, по изјавата на австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг дека „Москва не е заинтересирана за дијалог со ЕУ“.
– Тоа не е точно. Имаше многу политички, хуманитарни и економски проекти во кои Русија и ЕУ заедно учествуваа. Но, проектите беа блокирани откако Брисел усвои политика на санкции против Москва и го замени дијалогот со агресивна реторика, неосновани обвинувања и кампања на дезинформации, додаде таа.
Претходно, пред самитот на ЕУ на 24 мај, Шаленберг рече дека ЕУ сака да гради дијалог со Русија, но оти Москва не е заинтересирана.
Ново на Сител
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
