Загина маж од Јурумлери во тешка сообраќајка на „Пријателство“
Во тешка сообраќајна незгода на автопатот „Пријателство“ загина маж од Јурумлери.
- На 26.03.2022 во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во близина на клучка „Хиподром“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(41) од Виница и патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(56) од с.Јурумлери, скопско. На местото на несреќата починал З.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека А.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, информи МВР.
Увид извршила екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
