Заев: Работите во Македонија мора да се променат

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска од Кривогаштани порача дека работите во Македонија мора да се променат и оти еден дел од тие промени ќе се однесуваат и на земјоделците.
- Овде во Кривогаштани треба да знаат тутунопроизводителите, дека тутунските класи при откупот ќе ги симнеме на три класи, од досегашните четири. Првата класа ќе биде субвенционирана со 80 денари субвенција, втората со 70 денари субвенција, и третата класа ќе остане 60-те денари. Целта е да мотовираме квалитетно производство, но секако и повеќе пари кај граѓаните, рече Заев на средбата со земјоделците.
Според него, најважна задача на новата Влада ќе биде да обезбеди плсман на земјоделските производи, да се отворат можностите на секаде каде досега не се отворени за земјоделските производи како Блискиот исток, руските пазари, поранешните Советски републики...
Истовремено, кажа Заев, мора да се подобри животот во селото каде има огромен број возрасни луѓе и немаат пензија. - Ќе воведеме и социјална пензија за да можат овие луѓе достоинствено да живеат, рече Заев.
Огромен број од мерките од програмата на здружената опозиција се економски дел и, според лидерот на опозоцијата се ондесуваат на земјоделието.
- Ќе ја воведеме зелената нафта, ќе ги намалиме огромниот дел на даноците за репро матријалите во делот на земјоделството, ќе поттикнеме окрупнување на земјоделското земјиште се со конечна цел да имаме помалку трошоци за земјоделството произвоство, а повеќе високи цени со што ќе останат повеќе пари кај самите земјоделци. Верувам дека ваквите промени од човек којшто работел земјоделие, човек којшто ја знае во суштина маката на земјоделецот дека се возможни во Република Македонија, рече Заев.
Тој верува дека народот на 11-ти декември ќе даде огромна поддршка за промените што ги предлагаат.
Ново на Сител
-

Во Собранието јавна расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик
-

Сончево со мала облачност, дневна температура до 13 степени
-

Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
-

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици
-

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник
-

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта
-

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија
