Филипче: Се уште е рано за отворање на границите
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конфернеција посочи дека се уште е рано да се отворат границите, наведувајќи дека ја следат ситуацијата и ги анализираат бројките, па понатаму ќе донесат одлука.
– Сметам дека сега е се уште рано да ги отвориме границите заради тоа што тоа е дополнителен ризик и кон околните земји, ако патуваат луѓе од региони во кои има повеќе пацинети кај нас, а и при враќањето секако. Патувајќи се зголемува ризикот од појава на случаи кои, на некој начин, би го донеле вирусот од некој од соседните земји. Во таа смисла ќе ги правиме проверките на податоците, ќе ги анализираме бројките па ќе носиме одлука за границите. Утрово утврдивме дека денеска е рано да се дискутира за тоа, но ја имаме цела недела пред нас, истакна министерот, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе се отворат границите во земјава.
Тој оцени дека не треба да се избрза со донесување на одлука.
– Мислам дека сепак соседите ќе ја гледаат бројката. Јас разговарав изутрината сабајле со бугарскиот министер и му кажав дека ќе дискутираме овие следни денови и ние повторно ќе се слушнеме до крајот на неделава, рече Филипче.
Ново на Сител
-

МЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не е удар по угостителството, туку заштита на правото на здраво работно место
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
-

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции
-

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли
-

Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија
-

Лазаров: Мораме да извлечеме добри поуки од натпреварот со Данска
-

Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“
-

Зеленски: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина
