Заев - Чавушоглу: Реформската Влада ги отвора евро-атлантските и економските перспективи

Заедничка определеност за продлабочување на традиционалните пријателски односи помеѓу Република Македонија и Република Турција, како и турска поддршка за ЕУ и НАТО интергациите на земјата била изразена на средбата попладнево на премиеот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров и пратеникот Мухамед Зекири, попладнево со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, кој бил придружуван од пратениците Хусејин Бурге и Шабан Дишли, како и од амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата турскиот министер Чавушоглу, во име на премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, му честиташе на премиерот Заев за стапувањето на должност претседател на Владата на Република Македонија и најави целосна поддршка на работата на Владата. Исто така, се додава, министер Чавушоглу изрази уверување дека новата реформска Влада го отвора патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и пренесе поддршка на Македонија од Турција за членството во НАТО, но и за евроаспирациите на земјава.
- Владата на Македонија е силно посветена на реформите важни за евро-атланстките интеграции на државата, но тие истовремено ќе придонесат и за развој на економијата и правната држава, како и за квалитетен живот на сите граѓани, рече премиерот Заев, се наведува во соопштението.
Тој посочи дека Владата работи на создавање поволна деловна клима, за да овозможи функционирање на домашните претпријатија, но и странски инвестиции, со што Владата планира да создаде услови за нови работни места, повисоки плати и достоинствен животен стандард за граѓаните.
Во таа насока, министерот Чавушоглу соопшти дека постои интерес кај турски инвеститори за вложувања во Македонија, посебно по реформите што ги презема Владата за политичка и економска стабилизација.
На средбата на премиерот Заев со турскиот министер Чавушоглу изразен е заеднички интерес за соработка како на полето на економијата, инвестициите, трговијата, така и во образованието, културата, спортот и во сите други области значајни за граѓаните на двете земји.
На состанокот беа поздравени инклузивните политики на Владата за градење на Република Македонија како едно општество за сите граѓани, независно од етничката и политичката припадност, со што Македонија станува пример за соживот во регионални рамки и пошироко во Европа и светот, стои во соопштението од прес-службата на Владата.
Ново на Сител
-

ОЈО Скопје отвори истрага за насилството врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“
-

Тема на денот со Ведрит Ибушоски, претседател на Здружение на радиолошки технолози на Македонија
-

Презентирани над 200 докази во случајот со Груби за злоупотреби во Државната лотарија
-

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за платено политичко рекламирање, Левица обвинува за партизација на Судот
-

Судски совет: Се работи на расчистување на состојбите во Основниот суд Куманово
-

Амбасадорите за Норвешка, Бугарија, Шведска и Романија ги претставија дипломатските платформи во Парламентот
-

Од денеска Хрватска ќе издава визи за камионџиите
-

Клековски: Имаме ситуации со луѓе кои се на боледување, а на Инстаграм се сликаат на одмор во Италија
