Џет-Сет
7. February 2016 - 10:39

Заборавете го стариот Аца Лукас: Немате идеја каква фризура има фолкерот сега!

Популарниот пејач Аца Лукас позади себе има многу хитови и армија фанови, кои го поддржуваат и следат на неговите настапи. Она што е моментално најново кај него е фризурата, а наскоро и нови песни и видео спотови.
 
- Веќе долго време размислувам што да правам со косата и решив малце да ја скратам. Мислам дека вака е добра, Соња е воодушевена, а и мене ми се допаѓа, - изјавил Аца Лукас.
На неговиот настап во познат клуб во Белград не присуствувала неговата сопруга Соња, бидејќи морала да остане дома со ќерката.
 
- Викторија е малку повеќе поврзана со мене, веројатно затоа што често отсуствував од дома, но затоа кога се буди прво вели „мама“, - изјавил пејачот кој додава дека неговото отсуство нејзе и паѓа многу тешко.
Кога станува збор за настапите во некој некој ноќен клуб или концерт, тој изјавил дека се се има своја привлечност.
 
- Кога се пее во клуб атмосферата е повеќе интимна, подобра интеракција, на концерт се е гламурозно и големо - објаснил пејачот.