За седум години од косовско државјанство се откажале 37.823 лица

Косовските граѓани и понатаму во голем број се откажуваат од косовското државјанство,со цел да добијат државјанство на некоја западно европска земја.
Само во првиот квартал од годинава барање да бидат избршани побарале 1.305 косовски граѓани, при што позитивен одговор добиле 1.280 од нив.
- Најголем број од оние кои во периодот јануари-март годинава доставиле барање за бришење од регистарот на државјани се косовски граѓани кои побарале германско државјанство или 1.098 лица,потоа австриско државјанство 138, државјанство на Словенија 27,на Норвешка 15, на Холандија16 на друг држави 11 косовски граѓани.Од нив позитвен одговор или државјани на земјата каде поднесле барање станале 1.280,пишува приштински „Експрес“.
Инаку,од 2009 и заклучно со 2016 година од регистарот на државјани на Косово се избришани 37.823 косовски граѓани по сопствено барање.
Од друга страна мал е бројот на странски граѓани кои аплицирале за косовско државјанство, односно барање доставиле 148, при што позитивен одговор добиле 58 од нив.
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили почнаа со расчистување на Ормуската Теснина
-

Џатевска: Ќе биде тежок натпревар и мора да имаме сериозен пристап
-

Уапсен 44-годишник, во крвта имал 3,18 промили алкохол и нападнал полицаец на службена должност
-

Мицкоски: Без силна акција од Брисел и други членки на ЕУ не може да дојде до промена на ставот на Бугарија
-

Уапсен 19-годишник, во багажник превезувал „пит бул“ повреден од улични борби
-

Три автомобили изгореа на Бит Пазар, нема повредени
-

16-годишник од скопско со нож тешко повредил соселанец
-

Турчин со тротинет удрил жена на „Партизанска“ и побегнал од местото на настанот
