За пругата кон Бугарија ќе се формира меѓудржавен експертски тим

Се планира да се формира заеднички тим на експерти од Македонија и од Бугарија со цел да се соработува на проектот за железничката пруга на Коридор 8, објави домашното ЈП за железничка инфраструктура по средбата на директорот Фестим Халили со неговот бугарски колега Красимир Папукчиски, што се одржа во Софија.
Халили и Папукчиски на состанокот во канцелариите на Бугарските железници во Софија разговарале за продолжување на соработката меѓу двете железнички компании насочени кон железничката врска со Бугарија преку Коридорот 8.
– На средбата беше презентирана досегашната работа на Бугарските железници и се планира да се формира заеднички тим на експерти помеѓу двете земји, со цел да се соработува на железничкиот проект на железничката пруга на Коридор 8. Генералниот директор на Националното претпријатие за железничка инфраструктура на Бугарија Красимир Папукчиски вети дека во блиска иднина и тој истотака ќе ги посети Македонските Железници, стои во објавата на веб страницата на ЈП Железничка инфраструктура, Железници на РМ.
Железничкото поврзување на двете држави, се планира за 2023 година. Прогресот на работите на првата делница од пругата кон Бугарија, Куманово-Бељаковце, на крајот на минатата година изнесуваше 65 проценти, а надлежните институции ветија дека ќе биде готова во втората половина од годинава. За тој период се најавува и објава на тендер за втората делница Бељаковце-Крива Паланка, додека за третата од Крива Паланка до границата со Бугарија, сè уште се преговара за обезбедување финансии. Поврзувањето треба да биде со изградба на тунел во должина од 2.400 метри на граничниот премин Деве Баир.
Ново на Сител
-

Најголем дел од законите поднесени од Владата одат во редовна постапка, останува примерот да го следат и пратениците
-

Мицкоски на средба со Македонци кои живеат во Србија
-

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против три лица од Дојран, меѓу кои и поранешниот градоначалник
-

Македонски државјанин изнајмил стан во Валона и го претворил во „база за дрога“
-

Новиот најмал електричен автомобил „смарт“ пристигнува во септември | ВИДЕО
-

Над 70 проценти раст во авиосообраќајот во последните 2 години
-

Хегсет: Американската војска треба да добие Нобелова награда за мир
-

Уапсен 29-годишен гостиварчанец, силувал малолетничка и објавил експлицитни содржини од неа
