Вучиќ и Рама на средба со Заев во Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска и утре ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне со премиерите на Македонија, Зоран Заев и на Албанија, Еди Рама, во рамките на иницијативата за соработка позната како „Мини Шенген“ ”
Форумот е организиран во рамките на иницијативата „Мини Шенген“, што подразбира подлабока економска интеграција на регионот, за сега три земји: Србија, Албанија и Македонија. Пристапувањето кон иницијативата е отворено и за другите економии од Западен Балкан.
Како што објави Агенцијата за развој на Србија, претседателот Вучиќ и премиерите Рама и Заев ќе ја презентираат политичката и економската визија за интегрираниот регион.
Предвидени се деловни состаноци на бизнисмени од регионот по официјалниот дел на форумот.
Ќе учествуваат скоро 400 компании од регионот. Повеќето од нив, повеќе од 200, аплицирале од Србија, потоа повеќе од 100 од Македонија, од Албанија околу 40, од БиХ десетина или помалку или по една компанија од Австрија, Тајван, Израел, Полска, Романија, Бугарија, Франција и Грција.
Иницијативата „Мини Шенген“ води кон воспоставување на заеднички регионален пазар кој, како преодна форма, треба да го приближи регионот на ЕУ и да го забрза патот кон полноправно членство.
Заедничкиот пазар на Западен Балкан се заснова на принципите на слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал, како што е и единствениот пазар на ЕУ.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
