Вучиќ-Бауер: Србија и НАТО се за избегнување на натамошна ескалација на тензиите на Косово
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска го прими претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, со кого разговараше за соработката со НАТО, во рамките на политиката за воена неутралност на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ на средбата посочил дека е многу важно да има редовен дијалог меѓу претставниците на Србија и претставниците на политичките и воените структури на Алијансата, што придонесува за зајакнување на меѓусебната доверба.
„Претседателот Вучиќ рече дека припадниците на КФОР имаат важна улога во одржувањето на мирот и стабилноста, како и во заштитата на Србите и другите неалбански заедници на Косово и Метохија. Двајцата соговорници се согласија дека е важно да се избегнат понатамошни ескалации“, се наведува во соопштението од прес службатат на српскиот претседател.
Адмиралот Бауер на средбата истакна дека НАТО ја цени Србија како партнер и ја почитува нејзината воена неутралност.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
