Времето денес ќе биде сончево и топло со температура до 35 степени

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и доста топло со мала облачност во планинските региони и со слаб променлив ветер.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 29 до 35 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и доста топла со мала облачност и со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 33 степени.
До крајот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на топла воздушна маса поради која ќе имаме доста топло време за овој дел од годината. Во деновите на викендот полека температурата ќе опаѓа, а веќе од недела попладне со зголемена облачност ќе имаме и врнежи од дожд и појава на нестабилност со ретки грмежи претежно на југот од земјата. Повремени врнежи ќе има и во ноќта кон понеделник и во текот на денот.
УВ-индексот до сабота ќе има вредност 6.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
