Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

Патувањето со домашно милениче е сè почесто, без разлика дали станува збор за одмор, преселба или кратко патување. Но, од неодамна тоа бара и дополнителна подготовка. Имено, од 22 април 2026 година Европската Унија воведе нови, подобри правила за патување со вашиот миленик.
Овие промени се спроведени со цел да се зголемат здравствените контроли, со што ќе се спречи ширењето болести, пренесе „Дона модерна“ („Donna Moderna“).
Новите одредби се однесуваат на патувања, како што се годишни одмори, семејни посети или преселби. Пред патувањето, сопствениците ќе мора да ги поседуваат потребните документи доколку сакаат да ја поминат границата. Од правилата се исклучени животните кои се пренесуваат заради продажба или каква било друга професионална дејност. Иако главниот фокус на законот се кучињата, мачките и творовите, тој вклучува и одредени видови домашни птици. Целта на ваквите норми не е воведување на големи промени, туку подобро усогласување на системот меѓу државите членки. Контролите сега се подетални и покоординирани, особено кога станува збор за проверка на документите и идентификација на животните.
За патување со домашно милениче во државите од Европската Унија, задолжително е потребен микрочип според европските стандарди, важечка вакцинација против беснило, европски пасош за домашни миленици, како и потврди за дополнителни здравствени испитувања, доколку ги бара земјата во која патувате. Сите податоци мора да бидат целосно усогласени, т.е бројот на микрочипот мора да одговара на оној наведен во пасошот на миленичето. Во спротивно, животното може да биде запрено на границата, а во одредени случаи можно е и привремено задржување на документите или на животно додека не се разјасни неговиот статус.
Микрочипот и понатаму е основен услов за патување со кучиња и мачки. Ваквиот начин на идентификација е валиден само ако е направен пред 3 јули 2011 година и сè уште е јасно читлив. Пред патувањето се препорачува да проверите дали микрочипот е правилно регистриран, бидејќи службите сега полесно ги проверуваат податоците меѓу државите членки. Втор значаен услов е вакцинацијата против беснило. Вакцината мора да биде примена најмалку 21 ден пред патувањето, а тој податок мора да биде внесен во пасошот на миленичето. Уште еден услов е европскиот пасош за домашни миленичиња, издаден од овластен ветеринар, а содржи идентификациски податоци за животното, број на микрочипот, податоци за вакцинациите и евентуалните здравствени третмани.
Освен овие документи, некои држави како Ирска, Малта и Финска бараат антипаразитски третман за кучињата поради заштита од паразитот „Echinococcus multilocularis“.За домашните птици исто така важат построги правила, како ограничувањето на бројот на животни (по патување) и дополнителни здравствени контроли поради ризикот од птичји грип.Иако граничните контроли сега се подетални од претходно, експертите советуваат да се проверуваат сите документи неколку дена пред патувањето и, доколку е потребно, да се направи консултација со ветеринар.
МИА
Ново на Сител
-

Јанша по средбата со Руте: Словенија ќе ја исполни обврската од два отсто за одбрана
-

Кипарската полиција откри 260 килограми кетамин во магацин во пристаништето Лимасол
-

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ, демократијата и независна Македонија изминатите 35 години беа сопатници низ времето
-

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник
-

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари се товарат за убиство со евентуална умисла
-

Активен пожарот кај крушевско Борино, под контрола е на Јаесен и кај село Белица
-

Трамп: Украина и Русија се согласија да не напаѓаат енергетски објекти
-

Павловска-Данева: Интерпретативните одлуки се важен чекор кон развојот на современата уставно-судска практика
