-->
-->
Воведена промена за изборите на 11 декември
-->

На претстојните парламентарни избори, кои ќе се одржат на 11 декември, гласачите нема да бидат обоележувани со фломастер или боја на прстите од раката. Со новиот принцип, на списокот до името и презимето и останатите податоци за гласачот ќе стои негова слика од лична карта или пасош. Гласачите ќе бидат и понатаму обележени, но со безбоен спреј кој може да се види само под специјална УВ-ламба.
При влегувањето во просторијата во која се гласа, изборната комисија прво ќе го провери гласачот со УВ-ламба, дали претходно гласал, а потоа ќе бидат проверени неговите документи. Со новиот принцип ќе биде вклучена и слика на гласачот со што ќе се олесни процесот на идентификација.
Претходно се водеше дебата во јавноста во врска со обележувањето со боја по рацете и мислењата беа поделени. Според многумина, на тој начин се загрозуваше приватноста на гласачот, бидејќи на тој начин секој можеше да забележи дали одреден човек гласал или не. Во таа насока Уставниот суд, донесе одлука за укинување на овој метод на обележување на гласачите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СП 2026: За Белингем најважно е да остане позитивна атмосфера
-

Приведен 16-годишник кој со нож избодел две години помладо момче
-

МВР: Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Шар Планина
-

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
