„Вордвајд воут“: 89 отсто од Македонците би гласале за Трамп

Интернет страницата „Вордвајд воут“ овозможува гласање за кандидатите за претседател на САД. републиканецот Доналд Трамп или демократот Хилари Клинтон. Програмата ја препознава ИП адресата на секој гласач и го распоредува во земјата од која гласал.
Дури 89 проценти од Македонците го гласале за Трамп, што воедно претставува и еден од најголемите проценти за подршка на Трамп во некоја земја..
Од земјите во регионот, во Хрватска Трамп освоил 79 отсто од гласовите, во Црна Гора 83 проценти, а во Србија дури 93 проценти од гласовите.
најмал број поддржувачи во регионот, Трамп има во Босна и Херцеговина, но сепак и во оваа држава процентот е висок, со 74 отсто доверба.
Според податоците на „Вордвајд воут“, Хилари ја добива победата во значително помал број на земји отколку Трамп.
Таа во Европа ја има поддршката во Шведска, Норвешка, Италија, Данска, Исланд и Литванија. Освен поддршката во мексико, Клинтон води и во Кина.
Гледајќи на целата светска популација, Трамп води со 56 проценти наспроти 44 отсто на Хилари.
Американските избори ќе се одржат за шест дена, и тогаш ќе бидат познати гласовите кои навистина значат, оние на државјаните на САД.
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
-

Нови израелски напади врз Бејрут, од јужен Либан истрелани седум ракети врз Израел
-

Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и заработиме богатство
-

Папата Лав XIV го повика израелскиот претседател Херцог да ја заврши војната со Иран
-

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното
-

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува
