Во Велес 37 отсто излезност до 13 часот

Во општина Велес од регистрирани 46.394 гласачи на 84 избирачки места, до 13 часот гласале 37 отсто од избирачите.
Претседателот на ОИК Лили Велковска информира дека според нејзиниот увид во избирачките места и увидот на нивни мобилни екипи кои постојано се на терен, изборите засега се одвиваат без проблеми.
- Таму каде што се јавиле некои нерегуларности, ние веднаш ги проверуваме и реагираме, а приговорите ги проследуваме понатаму до ДИК, појасни Велковска.
Таа информира дека избирачките места во општина Велес ги посетиле и набљудувачи од ОБСЕ, а набљудувачите на МОСТ се распоредени во текот на целиот ден на сите избирачки места во општината.
За гласање вчера во општина Велес биле пријавени 216 болни и изнемоштени лица и 39 затвореници, од кои дел биле препратени за гласање во други општини.
Ново на Сител
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
