-->
-->
Во Тетово пронајдена мртва 25-годишна Косовка
-->

Синоќа во Тетово било пронајдено безживотно тело на 25-годишна девојка од Косово.
Телото на девојката е пронајдено помеѓу згради во близина на Зелениот пазар во Тетово. На локацијата увид извршил дежурен јавен обвинител од тетовското Обвинителство, а исто така увид е извршен и во изнајмениот стан во кој таа престојувала, информираат од ОЈО Тетово.
„Првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело“, велат од ОЈО Тетово.
Телото на девојката е дадено на обдукција, а Обвинителството врши распит на повеќе лица и се постапува за испитување на причините.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
