Во тешка сообраќајна незгода во Штип загина 38-годишник

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска во Штип во судир меѓу две патнички моторни возила.
Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова изјави дека несреќата во која загинал 38-годишниот Маријан Ордев, се случила 22 минути по дочекот на Новата година.
- Во критичниот момент патничкото возило „фолксваген поло“ управувано од А.Н. во кое имало и сопатник, се движело во правецот од зградата на Противпожарната единица кон мостот на реката Брегалница, а починатиот возач на возилото „ауди 16“ Маријан Ордев се движел во правец од бензинската пумпа кон градската автобуска станица во Штип при што дошло до судир помеѓу двете возила. Итната медицинска помош веднаш интервенирала, но констатирано е дека 38-годишниот штипјанец загинал на лице место, вели Панајотова.
Во тек е истрага за причините за несреќата на една од најфреквентните сообраќајници во Штип, а алкотестот што го направила полицијата кај возачот А.Н. покажал дека во крвта имал 1,45 промили алкохол
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
