Во судар на автомобил и камион двајца повредени

Вчера околу 12,40 часот на крстосница од улица “Лука Геров“, улица Црногорска и улица “Марк Твен“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возили “Пежо 307“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.А.(65) од Скопје и товарано моторно возило “Ивеко“ со скопски регистерски ознаки, управувано од З.Љ.(56) од Скопје.
Од незгодата со повреди се здобил М.А. кој со возило на брза помош бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди и истиот бил препратен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“, каде бил задржан на понатамошно лекување.
З.М. бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ каде од страна на лекар констатирани му биле телесни повреди и истиот бил пуштен на домашно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

СДСМ предложи закон за помош на земјоделците
-

Преглед на вестите од светот
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
