Во Србија поради снегот проблеми во сообраќајот и со струјата
Во поголем дел од Србија врне снег, температурите се околу нулата, а поради обилните снежни врнежи сообраќајот се одвива отежнато. Без струја останаа речиси 3.000 потрошувачи на Златибор, а проблеми со електричната енергија има и во Моравичкиот округ и Студеница. Блокиран е и пристапот до аеродромот Никола Тесла, јави дописникот на МИА од Белград.
Поради големото невреме, проследено со обилни врнежи од снег и силен ветер, на територијата на Србија се регистрирани голем број дефекти на електродистрибутивната мрежа, особено во планинските предели на западна и централна Србија.
Сите државни патишта од прв и втор ред во Србија, приодите кон граничните премини како и планинските центри, во моментов се проодни, а сообраќајот се одвива нормално на целата територија на државата, соопшти Јавното претпријатие Патишта на Србија.
На терен низ цела Србија се наоѓаат 1.800 машини за снег и над 800 камиони.
Возот кој од Пожега тргна кон Белград во 7.17 часот, со над 50 патници повеќе од два часа е заглавен поради снег и виулици на пругата.
Поголеми врнежи од снег се забележани на патните правци од Нови Пазар кон Тутин и на магистралниот пат Нови Пазар-Сјеница. Поради големото количество снег, на оваа делница имаше краткотраен прекин на сообраќајот за товарни возила.
Во Белград е ветровито и снежно. Снег до 15 сантиметри се очекува во пониските делови од градот, а до 30 сантиметри на Авала и Космај.
Заменик градоначалникот на Белград Горан Весиќ за РТС изјави дека службите се целосно подготвени за снег, дека на располагање се 90 големи камиони, 20 помали и 15 машини за утовар.
Поради обилни снежни врнежи низ Србија, донесена е одлука за одложување на четири натпревари од 20-то коло во српската фудбалска Суперлига.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
