Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата

Собранието денеска треба да ја одржи 99. седница на која на дневен ред е Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на државава до 20 јули годинава.
Предлог-одуката е на дневен ред и на седница на собраниската Комисија за одбрана и бебзедност.
Одлуката, според предлогот, ќе почне да се применува на 21 април.
По конфликтот на Блискиот Исток, Владата на седница на 23. минатиот месец донесе одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти за горивата и ослободување количини мазут од државните резерви, како и одлука во времетраење од 30 дена за прогласување кризна состојба на целата територија на државата со цел да се овозможи соодветно законско постапување и институциите да можат ефикасно да ги спроведуваат мерките.
Со одлуката се утврди постоење кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на населението, како последица од постоење на ризици и опасности во снабдувањето со стратегиските енергенси, како и попречување и блокирање на нивниот увоз во државава.
Тогаш беше активиран и Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој е во постојано заседавање заради следење на мерките и активностите и координирано дејствување поврзани со оваа одлука.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета. - Нафтените резерви се такви какви што беа пред почетокот на кризата, не е потрошен ниеден литар - изјави Мицкоски. Следејќи ги цените на берзите на нафтените деривати, рече дека најверојатно цените на горивата во земјата ќе останат исти или ќе бидат намалени.
Во однос на продуктоводот за транспорт на нафтени деривати, рече дека и во него има проток на нафта. За тоа дали по 20 април Владата ќе ја продолжи мерката за намалено ДДВ за нафтените деривати, Мицкоски рече дека од она што го следи, најмалку ќе останат истите цени на горивата, а можно е дополнително намалување следната недела.
Попустот со „Окта“, како што рече, е договорен до крајот на април, а се преговара и за дизел-горивото. - Тоа е приближно 75 проценти од вкупното потрошувачко портфолио, барем уште некој дополнителен попуст да извадиме, барем уште еден денар за литар - најави Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: Европа треба да разработи сопствен систем за противракетна одбрана
-

Артета: Премиер лигата почнува одново, Сити има натпревар помалку, Арсенал е три бода понапред
-

Цените на нафтата нагло пораснаа по обновените судири меѓу САД и Иран
-

Вардар 1961 по 18. пат го освои трофејот во Купот на Македонија
-

Пратениците ќе ги разгледуваат амандманите поднесени на Предлог законот за Советот на јавни обвинители
-

Во Штип почнува оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „Блесок 26“
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
