Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии - Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во второ читање.
Пред членовите на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Северна Македонија, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог на законот за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија - Скопје и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, сите во второ читање.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
