Во Скопје Дигитален самит на Западен Балкан (WBDS) 2025

Во Музејот на современа уметност- Скопје денеска ќе се одржи Дигитален самит на Западен Балкан (WBDS) 2025 на кој ќе присуствува и ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски. Oбраќањa ќе имаат и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и генералниот секретар на Советот за регионална соработка (RCC) Амер Капетановиќ.
По нивното обраќање ќе следи официјалното отворање на главната програма, каде што фокусот ќе биде ставен на три приоритетни теми за дигиталната иднина на регионот: Дигитален паричник – безбеден пристап до јавни и приватни услуги; Интероперабилност – технолошка поврзаност меѓу системите во регионот; Сајбер безбедност – заштита на податоци и критична дигитална инфраструктура.
Дигиталниот самит е регионален настан кој ги обединува носителите на дигиталната трансформација од Западен Балкан, Европската Унија и пошироко. Самитот се организира од страна на Министерството за дигитална трансформација и Советот за регионална соработка (RCC).
На настанот се очекува присуство на над 800 учесници, меѓу кои високи владини претставници, експерти, компании, академски институции и меѓународни партнери. WBDS 2025 ќе биде платформа за нови иницијативи, вклучително и дискусии за намалување на роаминг трошоците со ЕУ, во насока на воспоставување на модел „роаминг како дома“ помеѓу регионот и Унијата.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
